Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Демир Капија - Сефте 2009
- 02.02.2009

Епа ете на самиот крај на Јануари, направивме сефте и на Демир Капија  за оваа година.
Саботата рано сабајле тргнавме од Битола, цела Македонија врнеше снег и на Демир Капија како порачано за нас, малку пред да стигниме дождот запре.

Јас и Мирче слеговме на паркингот, а Марјан и стево заминаја на Кожув да скијат.
Малата река е толку најдојдена со преминувањето е невозможно. Сабајлечки ветерот се пикаше в коски, беше доста ладно.
Решивме да се искачиме по насоката Јосип Брос и после да слезиме абзел и качиме уште некоја друга. Оваа насока преку зимата е многу по пријатна за качување, нема толку треви и трња како на лето. Одлично се загреавме иако ветерот не здрви на сидриштата.

Направивме абзел по Б2 и ја качивме и насоката Гавранот, иако течеше вода по неа, со Мирче добро се снајдовме, и ја качивме за помалку од 1 час. Имавме време за трета насока ама Мирче срце јуначко, не издржа без цигара па требаше да се прибериме.

Другиот ден дојдоа и Екстремци и Астибовци и качувавме спортски насоки,
и така ни заврши Јануар и еве веке сме Февруари. Ама се радувавмееее