Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
При недостиг на замрзната вертикална вода - ДРВАРЕЊЕ
- 19.01.2009

Во ова време на глобални климатски промени, кога во средината на Јануари, температурите достигаат до +10-15 степени, разочарани од немање на вода во тврда агрегатна состојба, приморани сме да импровизираме. :)

Во близина на градот, една топола, покрај тоа сто служи за да ја серат чавките најде и друга примена, и овајпат корисна. Горан, Вања а малку покасно и Марјан и Стево,
тренираа на неа т.е. симулираа качување по мраз. првата половина од тополата ја водеше Горан и после Ванја ја крена точката со уште цели 10 метра.
Добивме повеке од 20 метри за качување од кој половина се и малку превисни. Тренингот е идеален! Малку е деликатно додека се постави јажето но се надеваме во иднина да смислиме некој подобар начин за осигурување. До тогаш бидете поздравени, и кој сака и можи нека ужива во фотографиите