Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
ЗИМА Е ....
- 03.01.2009

Во изминатиот период на „студено“ време, успеавме неколкупати да се веселиме по замрзнатите водопади и микс насоки. Неколку пати ги посетивме: Златоврв, Пелистер, Маврово.

Водопадите на Маврово, годинава не беа во топ форма, но сепак ни дозволија да напрајме малку кеф. Качувавме на водопадот на патот кон с. Ничпур и водопадите на патот кон Дебар.

Прилеп покрај бесконечните болдери го има и Златоврв, на кој се качуваат интересни насоки. А од друга страна на нашиот Пелистер се качуваа интересни микс насоки, а попат, малку фирн и мраз.

За на крај кога е топло да одиме на турно скијање.