Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Ново на Плетвар, Иглата на орело
- 15.01.2011

Денес се роди нова насока на Плетвар, и зато седнав да написам нешто на сајтот оти инаце пак ке заборам и ке замини...


Зима е ама "ебиветер" зима, и зато ко нема мраз, ајде на камен....

Таванот го имав видено од порано и ми имаше останато во ум, да неречам ме праеше да немом да спијам... и така денес решив да му ојме да се пресметамее. Јас (Горан), Стево и Марио, денес стигнавме таму, си зедов се со имав големо за обезбедванње, и почнав да качвам, имаше зафркнат старт, таванот го поминав со заглаввање на рацете т.е. тупаниците, мн интересно искуство, досега само на болдер имав качвано таков таван, и знаев дека ми лежи на душа...

Втората должина не изненади... Очекувавме по релаксирано качвање ама излезе на некои места доста шантаво осигурвање, и ронливи делови. Поминавме низ седелото на Орелот, лево од кујната кај шо сеуште имаше една коска поставив еден хекс, ама за кратко, белким нема да ле лути... Пред самиот врв на иглата е и деталот на насоката, мал траверс по плоча со мов и никакви стојалишта а рацете на отворени тријачки фатишта, и то така зачинето со обезбедвање во ронливи лушпи, а вишната беше превисен излез со фатишта со мов и пак немање нешто ОК за нозе...

Како и да беше, ова е последната нова насока на овај локалитет, се разбира како со носи редот, помината чисто, и можда една од најтешките и најинтересните, Овде има уште многу убави линии, кој чекаат први качувачи, ЕПА БУЈРУМ