Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Подготовките за Мароко
- 13.11.2010

Малку се вракаме наназад, како што беше, дур се спремавме за качувањето во Мароко.

Иако планиравме качување во Алпите, то ни пропадна и буџетот се пренасочи за Мароко... Така да најголемите жештини од летото, оваа година ги поминавме тука кај нас... 80% од качувањето беше на Зли дол и стење, на спортски насоки, па некои челенови од клубот, годинава качија и 7а.

После Малљовица и Олимп, нашиве карпи ни изгледаа премногу ``жешки``, така да летово бевме два пати на Матка и неколку пати на Демир капија, таму главно качувавме стари насоки искачени и неискачени од нас..

На Матка ги искачивме: Отмар, Матка лева, Циго, Матка десна, Ветерански, Франгов, Панчев, фи фи клин, 4клина, Нина, новогодишен и неколку спортски, а на Демир капија: Вертикал, Јосип Б, Бранчева, Гавранот, Влатчева, Тулумба, Полжав, Б2, и доста спортски насоки...

Од Прилепскиот регион качувавме на сите локалитети, ја качивме насоката Василица на Камена баба, целосно слободно, во две должини, до врвот на карпата, ја качивме како 3ка за 55 минути, И таванчето кое ни личеше тешко овајпат го поминавме доста лесно и тежината не е повеќе од VI+, но ова е МНОГУ убава насока..

На камената баба направивме уште една нова насока во чист стил, името на насоката е `sunny crack` V, се наоѓа на јужната страна од карпата и следи многу убави пукнатини, со ширина за заглавување тупаница па и повеќе.. Насоката е долга 35м, а воедно е и прва насока за Марио и Ема, сепак како втори, а ја водеше Горан.

Уште една нова насока од истиот тим Горан, Марио и Ема се појави на Плетвар, името и е `халфмуун`и оваа насока стана најтешката досега на плетвар. Имаше детали од VII+ и е целосно помината слободно и обезбедување на чокови и френдови. Првата должина оди низ превис па камин со тесна пукнатина и мазни плочи прекриени со мов, втората должина е низ вертикални и малку превисни плочи со пукнатини во кој едвај ги собираше најмалите три прсти, болно заглавување и напорно качување околу 30 метри. Третата должина, веќе беше темно, бидејки тргнавме покасно, заради жешкото, и неа ја скршнавме малку лево од планираното, бидејки подесно беше навистина тешко а ние бевме само со една челна ламба.

истиот тим Горан, Марио и Ема, си ги проба силите и на Остра карпа, и таму направија нова насока, точно помеѓу Камински и Мајсторот, ја направивме во чист стил и првите две должини се нови а третата повторивме некоја од постоечките.. Првата должина е многу убава, и има болдер старт, испаднаа доста нестабилни парчиња карка од пукнатините, и сега е убава за качување, тежина е не повеќе од VI на некои детали, Втората должина е неколку метри лево од крајот на првата должина на камински, низ убави и не тешки пукнатини но со шантаво осигурување, Истиот ден ја искачивме и насоката Камински во комбинација со последниот цуг од Мајсторот. Насоката бидејки е одма со Мајсторот решивме да ја крстиме Чиракот, и се надеваме дека не е повторување на стара насока, ако е така ке се корегираме.

И така накратко напишано поминаа нашите подготовки за Мароко