Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Враца, и нешто ново на Плетвар
- 28.06.2010

Викендот продолжен со понеделникот 19-21 Јуни, Јас (Горан), Марјан, Стево и Марио, пред да заминиме на големиот метал концерт во Софија поминавме три дена на Враца....

Времето не беше идеално, имаше долги периоди со дожд и грмотевици но и покрај тоа направивме убави искачувања.. Идеата за централната стена во тие услови одпадна, качувавме насоки кој беа опремени и со лепени клинови, како што при грмење да можи најбрзо со абзели да заминиме надолу... Ги качивме насоките : трите плочи L6 6a, Оптимал L3 6a+, Иван Вазов L3 6b+, Забот L2 3/4-, и други спортски насоки со секакви тежини...

На 3 плочи и Иван Вазов со мене качуваше Марио, за него ова беше второ качување на ``мултипич`` насоки, после  ``Вертикал`` на Демир Капија. Одлично се снајде висечките сидришта и општо во новиот начин на качивање... Така што кога се врати во Македонија беше и качуваше како прв и на камената баба во Прилеп, (нормално со дополнително традиционално обезбедување) и на сете ова негов коментар беше дека многу Јуначки се осеќал :D, но сепак спортското качување за наш Марио е N1. :)

Одкако се вративме назад, јас и Ванја направивме нова насока на Плетвар, линијата малку одстапи од првичната замисла, поради ``OW`` превисна пукнатина за која немавме ништо доволно големо за обезбедување, а сепак беше доволно тесна да не не збира да влеземе во неа, како и да е направивме убаво искачување по нова линија, на централниот масив на Плетвар каде до сега немаше насока. Тежината е околу 3+/4- со неколку детали од 5+ долги по 7-8 метри. Насекаде околу нас имаше вегетација а најмногу машки боливач, па така и името на најновата насока на Плетвар го има името ``Машки боливач``

пинк линијата е новата насока ``машки боливач``