Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Нешто ново
- 30.04.2010

ИИИИИИИИИИИИИИХХХХАААААААААА, После едно чудо време пауза ај пак да напишиме нешто и на нашава страна... Нема оправдување зошто не пишевме толку време, али како и да е, ај да се надеваме дека ке се вратиме назад во тек со настаните.. Од кулоарот на Козјак па наваму имавме доста искачувања по мраз и микс и уште подоста ски-алпинизам тури... Сега ке писиме за најпресните настани..

На Балканското првенство на земјите од Југоисточна Европа,кое се одржа во Волос Грција, во склоп на Македонската Спортско качувачка Репрезентација, од нашиот клиб испративме двајца претставници, Марио Минчевски во машка и Елена Ивановска во женска конкуренција, и и двајцата се вратија со по две Сребрени медаљи, поточно во тежинско и брзинско качување, повеќе инфо за целата репрезентација на climbing.mk

 

Во меѓувреме додека нашите Јуниори праеа ``грчка салата`` ние Останатите се зафативме со уредување на еден наш близок локалитет. Станува збор за Камената Баба во близина на вештачкото езеро во Прилеп.

Оваа карпа е качувана од страна на повозрасните Прилепски алпинисти, по северниот гребен, од каде е и најпристапна, во 2007 година од страна на Бојан и Круно од АК Матка се направени 3 насоки од кој на едната Јас (Горан) и Ванја направивме довршување на насоката со последните 15м до врвот и прво повторување со речиси 100% слободен стил.

Изминатава недела на западната страна се појавиа усте 6 нови насоки, насоки со преубај движења, не многу тешки но вистински класични линии. Должината на насоките е од 30 до 45 метри а тежината од 4 до 6 категорија по УИАА.  Увај локалитет заено со Ице од Прилеп, решивме да го направиме со експанзиони клинови на сидриштата и по неколку низ насоките, но ке бидат на поголемо растојание, така да убаво ке биде да се носи комплет чокови и по некој френд. Патеката околу карпата е исчистена од трња и грмушки и во иднина на секоја искачена нова насока, ке се ставаат и по неколку експанзиони клинови.

Плавата линија е насоката Був на Круно и Бојан, а останатите од лево на десно се: Деа, Претседателот, Бабина дупка, Љољо, Овчарска, Вертикалада