Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Кулоарот на Козјак
- 14.02.2010

Долго време чекавме да се поклопат добри временски услови и слободен ден за да го пробаме кулоарот на овај врв

Саботата Јас (Горан) и Вања, тргнавме кон Козјак... Веке ги знаеме дупките низ грмушките и за 1,5 часа бевме во основата на работ.. Почнавме да качуваме без дерези и не наврзани, но уште од сам старт имасе замрзнати делови на карпата и едвај полека стигнавме до првата полица каде си ставивме дерези и веке беше поинаку.. Овај Раб го имавме качувано минатата година, но овај пат во доста по лоши услови, дуваше многу силен и студен западен ветер и вееше снег, прстите за секунда извадени од нараквиците премрзнуваа, а со нараквици некои детали се доста тешки зада се поминат.

Кога го качивме последниот гребен, и стигнавме во основата на маркантната стена, над која е врвот Козјак, направивме траверс на лево до основата на тесниот кулоар. Ширината на кулоарот е од 1 до 4 метри, стрмен е околу 45 -50 степени, а снегот во него е различен, некаде се пропаѓаше до пола а некаде беше фирнован, Во средината на кулоарот беше и најтешкиот дел, околу 10м плоча со нагиб од 50 степени а по неа натечен тенок слој околу 2 цм мраз и фирн. немаше никакви фатишта, единственото чаре за да се напредува беше да се прави баланс на бајлите и дерезите, за да издржи мразот да не се ``распара``, слегувањето по тој дел беше вистинско искуство а евентуалниот пад на било кој од нас значеше лизгање најмалку 200м по кулоарот до дрвата. Кога заврши кулоарот над нас имаше пештера, влеговме во неа до таму каде што стана доста тесна за да се пикаме ние без спелео искуство, баш не интересираше дали оваа пештера е позната за нашите спелеолози, над нас имаше уште 20 тина метри превисни мазни карпи, без можност за обезбедување, кој водеа до врвот Козјак, немавме можност и знаење да ги искачиме, требаше да слезиме по кулоарот и да правиме траверс на лево или на десно зада успееме да се качиме на самиот врв, но времето течеше и решивме да останиме до пештерата...