Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Зима 2010
- 26.01.2010

Помина многу време без новости на нашиот сајт, не дека немаше што да се пиши туку дека немаше време да се пиши, па еве накратко за последниве две недели.

По втор пат во оваа 2010 година имавме клубски собир на Демир Капија. Последниот пат останавме 3 дена од 15 до 18 јан. се качуваа и долги насоки, во многу студени услови, со јак ветар и дожд. Се искачија доста насоки како, Б2, Полжав, Тулумба, Влатчева, Вертикал, ... На некои наши чќенови беше првпат да имаат можност да качуваат во традиционален стил, и да водат такви насоки, а како информација, да напоменам дека 2 од трите огромни камени блока кој се наоѓаа на 2м под второто сидриште на Влатчева, веке ги нема. Се јавивме по телефон на др членови да ни потврдат дека нема никој под насоките, и само што го допрев едниот и полетаа надолу, карпата се тресеше и се собраа луге од спротивната страна на вардар, едвај со викање ги информиравме дека сме супер и дека намерно ја чистиме карпата. Искачивме и многу други спортски и тешки насоки....
    Кога стигнавме дома, вечерта јас (Горан) и Вања се искачивме на 2500м.н.в. на сртот пред врвот пелистер, тука во едни стари камени зидови од втората светска војна, искомавме бивак, во снегот кој беше навеан тука, и така бивакувавме само со јакни од пердуви а покасно во ноќта, поточно точно во 23:50ч. Пристигнаа и Стевче и Аце. На Стево му беше роденден, донесе торта со свеќи и рум. Ова беше најубајо роденден кај шо сум присуствувал. Рано утрото, се одмрзнавме и се качиваме на врвот, имаше фантастично изгрејсонце...






    Дојде вистинска зима, на пелистер веке имаме 15 метри вертикален мраз со неколку превисни делови, цревото сеуште течи и мразот секојдневно расти, Фотографиите се од првиот ден, сега е доста постабилен, секој ден после работните обрски одиме и со челни ламби качуваме на мразот... Доста е потежок од оние во маврово, и е вистинско уживање... Само да продолжат ниските температури и можи да се организира и еден натпревар.
Еден ден имавме и гости на мразот, Владо од Екстрем и Брба од Србија, супер си поминавме...








Е колку виски можи да се испие со тој мраз...