Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Меморијален Марш „Четири алпинисти“, Солунска глава
- 05.12.2009

Саботата уште рано по сабајле, полека се собравме на железничка во Битола. Тргнавме поголема група од клубот Вертикал, а со нас заедно беше и професорот од техничко Томе со уште една група на љубители на врвовите.

Стигнавме околу 4.30 во Богомила, и од таму, Шумахер и Сена (двајцата таксисти од Богомила) не освежија со добра вожња по сабајле до Папрадиште. Тргнавме околу 5 за нагоре, до домот Чеплес. Патот го поминавме брзо и лесно и застанавме ептен кратко само за да ги сликаме водопадите.


Кога стигнавме во Чеплес, начекавме неколку души кои преспале во домот од претходниот ден, и се спремаа и тие за да тргнат нагоре. Ние не останавме долго, само набрзина „фрливме“ по една бонжита и го фативме патот за Солунска.

И одевме, одевме, и после то пак одевме и одевме и се така си одевме и одевме. И поминавме многу шуми, гори и планини и стигнавме до угорното :). Е арно ама, имаше многу магла, и не знаевме кај ојме (т.е. знаевме, ама не глеавме). Имаше и снег, така да беше уште поубо то угорното :). Стигнавме на врвот, мислам негде околу 12. Маглата се расчисти на едно 2 минути, доволно да напрајме по некоја фотка и тргнавме за назад, пак во снегот и маглата, само по удолница.

После сите тие гори, шуми и планини, пак стигнавме во Чеплес, стегнавме по едно планинарско гравче набрзина и одма тргнавме за надолу, оти возот ни тргаше во 4. Овојпат решивме да одиме преку Нежилово, да смениме и да видиме како е од другата страна. Ама пак и од таму имаше само шуми, гори и планини, само овој пат беше поинтересно оти си подпрднувавме од гравчето. Возот за малце немаше да го фатиме, но повторно тука беа таксистите Шумахер и Сена, кои овојпат уште побрзо не донесоа до железничка и точно кога излеговме од такси, стигна возот. Кога се качивме на возот, сите видно изморени, почнавме да ја малтретираме Елена :) ама и таа ни враќаше.

Супер начин да се помине досаден саботен ден, кој место да го потрошиме на кафе, го поминавме во планина, со добро друштво и активно. Активно што од патот, што од гравот.

ЗА МАКЕДОНИЈААА!  (ова последното некогаш ќе биди дообјаснето со помош на youtube :)  )