Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Василица, насока на Камената баба
- 30.11.2009

Денес утре, но ете му дојде ред и на оваа насока.. Уште кога ја направија Круно и Бојан од АК Матка, контактирав со Бојан и ми кажа дека поминале убава насока во Прилепско...

Тогаш Бојан ми објасни по мејл дека карпата е во близина над вештачкото езеро во Прилеп, но јас искрено појма немав ни каде е тоа езеро.. Пред 6-7 мосеци дознав точно која е карпата и кога ја видов предпоставив каде би можело да е насоката... Од описот кој е на страната на АК Матка, дознавме дека, насоката е од источната страна и има оставено по еден експанзионен клин на сидриштата... Уште од далеку од самиот пристап кон карпата светна еден од тие клинови и ни беше јасно која е насоката. Мноогу убава линиа, права вертикална линија која следи низ два плафони..

Стигнавме под насоката ја извадивме опремата и првата должина ја водев јас (Горан). Според описот на Бојан, јас првите две должини ги споив во една, експанзиониот клин од прво сидриште го употребив само како осигуралиште, и продолжив до вториот кој е на полица до еден лешник под таванчињата.

Горан во првата должина

Овие две должини ги поминавме со слободно качување, првиот дел, т.е. тој до првиот експанзионен клин е лесен но со премногу трња, од кој имам лузни по рацете, а вториот дел е мн интересен и скоро цел се качува во дилфер, не е многу тежок околу V+ VI- , до нема места за одмор и малку уморва... Во главно одлична должина. Нашата втора должина т.е. трета според описот, ја водеше Вања. Започна со слободно качување до првиот плафон, него го помина технички а над него и вториот плафон слободно, јас како втор целата ја поминав слободно, оценката е околу VI, со детал на излезот од првиот плафон од можеби VII+, проблемот е што треба да се качува камин во расчекор, и малку е отежнува поставувањето и вадење на опремата за осигурување која е длабоко во пукнатината на каминот..,

Вања во втора должина

Вториот плафон не е тежок но е доста интересен, има широк процеп низ кој, едвај ја бери кацигата, но се прави мал траверс надолу-надесно каде процепот се шири и тука се излегува од плафонот. Овде Вања го направи сидриштето користејки го експанзиониот клин.. Според описот дознавме дека тука ги стемнило Бојан и Круно, и од овде се вратиле, Нагоре продолжив низ вертикална пукнатина, низ која ми беше малку отежнато осигурувањето заради тоа што за таа широчина немавме френдови ни екцентрици, и позтавив два трочоци, тежината е како таа долу околу V+, и горе излегува на убава полица, а до врвот се качува низ многу интересен оџак, во кој едвај го собира телото...

Горан во третата должина

Насоката ја водевме 90% слободно, без излезот од првиот плафон, и морам да кажам дека е вистинско уживање, следниот пат се надевам ка се искачи во две должини, само треба да се внимава за подолги гуртни во првиот плафон, а низ вториот отворот и голем и јажето право ке поминува...

Уште еднаш ке кажам дека ова е многу убава насока, една од поубавите во овај регион, со една мала забелешка, експанзиониое клин над вториот плафон е поставен многу десно, кога се користи како сидриште е во ред, но ако се планира да се продолжува останува многу во десно, но тоа не е и битно има одлични пукнатини ако се планира спојување на последните две должини

Поздрав до првите качувачи !!