Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Нови насоки и повторување на подзаборавена стара
- 23.11.2009

Со многу обврски, малку, запоставивме со новости на сајтот. Имавме убави качувања па еве ќе издвоиме малку..

На веке добро познатиот Плетвар се роди уште една насока со име Деветка. Првобитната замисла беше да оди низ поредица од тавани но кога стигнавме до нив видовме дека пукнатината која од долу ја гледавме е само потемна нијанса на карпата, евентуално некаде мал процеп за најмала жилетка, а такви не носевме и насоката изпадна убава варијанта на насоката Трочоци.

Стартот е 2 метри десно од трочоци, тежината е околу VI, со еден потежок детал, можеби VII. Вања тука одлично се снајде, и кога дојде мојот ред , видовме дека таваните не нудат можност за слободно качување, мазни плочи од сите страни, и затворена танка пукнатина, така да со траверс налево се споивме на горниот дел од трочоци. Ова стана деветта насока на Плетвар, и сите во чист стил, Така да Плетвар полека станува вистински локалитет и единствен кај нас со тие етички норми.

 --------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Викендов решивме убавото време да го тепаме на Остра карпа и Стогот.  Од Ице и Моте од Прилеп, имав многу слушано за убава линија на северната страна на Стогот , со име Којнско јаже, насока која долги години според нив не била качувана.

Првиот ден стигнавме малку ``покасно`` и набрзина кон Стогот, времето беше одлично, измислено за качување, на некои места од северните страни имаше и малку мраз, па јас осетив еден под нозе, но за срека на грбот имав јаже..Насоката е многу убава, голема предност е северната експонираност и преку цел ден е во сенка, но затоа е прекриена со мов и лишаи, а 90% од насоката се качува на триење и наместа единствената можност да не летниме надолу е да се држиме за чоковите. Нагоре најдовме неколку стари клина, Имаше и два интересни моменти кога гледаш клин и викаш е супер две три движења и го копчам клинот и сум ОК, ама тикви, го копчаш клинот и ти останува во рака, малку е гаден тој момент кога на нешто што си се надевал те изневерува и тоа неколку пати по ред, но за среќа, на нивното место одлично се заглавуваа мали чокови и се беше во ред. Не носевме кладиво за да ги поставиме повторно клиновите назад, а мислам дека не е во ред да ги оставам таму како мамка, па ги зедовме со нас, и ке му ги вратиме на Ице, еден од првите качувачи на насоката.

 Последните 10 тина метри ги изваде Вања низ мн убав превис со доста психички излез пораги ронливост. 

Бевме на врвот на Стогот. Вања за прв пат а јас пред  5 год се имав качено низ оџакот, и знаев дека горе има место за бивакување... Така ноќта останавме на врвот, бивакувавме без шатор и вреки, но времето беше тивко и не падна температурата многу под нулата.

Бевме наградени од небо полно со звезди, неверојатно е чуството да се спие на врвот на наква кула, под нас се запалија светлата на Прилеп и околните села а ние седевме на врвот и качевме глупости...


Утрото станавме, се спуштивме низ оџакот и заминавме кон јужната страна која изобилува со многу убави и неискачени линии. Се мислевме за една или друга и на крај падна одлука за една пукнатина, од долу ке личеше за многу тешка.

 Вања почна да води, насоката набрзина стана не толку лесна, околу VI категорија а втората половина на првото јаже продолжи налево низ вертикална пукнатина во која едвај ми ги береше прстите некаде до половина негде само врвовите.

Таму до каде што јас успеав да ја поминам слободно бесе некаде VII+, потоа пукнатината се стеснува и губи, и за тежината не можам да кажам но знам дека е најтешката до сега во прилепскиот регион.  Потоа пак излегувапукнатина и се врака тежината околу VI+ и горе на првата полица Вања направи сидриште. Должината е околу 45м. Второто јаже оди нагоре по танка пикнатина, и таван.

Првата замисла ми беше да го поминам таванот и да излезам десно, така и направив но кога излегов на плочата, видов дека е составена ако тетрис од плочи кој се мрдаат, и немав можност да качувам низ нив. Полека пажливо се вратив назад низ таванчето и со малку траверс налево излегов во левиот камин од каде се качив над таваноти така го довршив јажето. Оваа должина е околу 35м а тежината е околу V+ VI-, над излезот од таванот станува многу полесно. Вања тој ден требаше да игра оро на свадба и низ кулоарчето се спуштивме надолу, а насоката во иднина ке добие најмалку уште едно јаже, името на насоката е ``Два тетини``VI+VII A1