Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Бонати во Банско
- 03.11.2009

Викендов, имавме чест во живо да видиме една од легендите на алпинизмот - Валтер Бонати. На 31.10.2009,  Јас (Горан), Марјан и Вања, стигнавме во Банско.

Досега имав читано доста за неговите искачувања, и имав огромна желба да го видам тој човек во живо. Презентацијата беше малку поразлична од другите кој досега сум ги гледал, како повеќе да сакаше да се прикажи како Валтер писателот а не Бонати алпинистот. Се читаа некои извадоци од неговата нова книга,`` МОИТЕ СПОМЕНИ``, а после презентацијата беше даруван со традиционална крпа и медал од градоначалникот на Банско, а потоа и остави свој оттисок од стапалото кој ќе се најде во галеријата во Банско.

Се видовме и со многу други пријатели од Бугарија, како и со Круно од Скопје, па наредниот ден го искористивме за да се качиме на Вихрен по Џамџиевиот раб. Времето беше фантастично а искачувањето не сакавме да заврши. Го искачивме врвот, направив некое фото, па патот обратно кон Битола. Гледајки ја северната страна на вихрен со Вања рековме дека зимава, можи да видиме како ке ни оди, На таа карпа сум качувал во лето и е премногу ронлива, и вреди да се види како е зима, иако знам дека е сериозен предизвик