Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Вицешампиони - Трофеј на Белград
- 27.10.2009

Изминатиов викенд двајца членови на нашиот клуб (Горазд Николоски и Марио Минчевски), заедно со Македонската јуниорска спортско качувачка репрезентација, предводена од Владимир Трповски, беа на натпревар во соседна Србија

Се натпреваруваа во дисциплина во водство, и и двајцата во своите категории го освоија второто место, што е огромен успех кога ќе се земат во предвид условите каде што тренираат во Битола и Македонија. Ова е уште еден доказ дека има голема надеж во иднината на Македонското спортско качување кај нас.

За крај огромна благодарност до целата екипа која беше заедно со нив, за време на патувањето и натпреварот, и наскоро очекуваме и фотографии од настанот.