Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Бабиниот заб и КРАЛИ МАРКО Болдер маратон
- 02.10.2009

Уххх, можда стануваме досадни со Прилеп и Мариово, ама ај шо да прајме ко местото е рај на качување... Само треба еден чекор настрана да се мрдни и одма оппп како печурка после дожд ке видиш некоја гранитна форма со јаки линии за качување.



Со Моте од Прилеп, од порано имавме разговарано дека во атарот на село Селце, има интересни места каде тие некогаш тренирале, и така Јас и Вања еден врнежлив ден решивме малку да истражуваме, стигнавме до Селце и со координатите на Моте ја најдовме карпата. Ја викале бабин заб, иако искрено кажано нас повеке не потсети на она шо се прај со средниот прст од раката, ама ај кој прв си го крсти така ке си се вика. И тој бабинио, е спој на неколку столбови разделени со пукнатини како оние во Јута, само за жал не толку компактно но сепак можи да се качува.

Викендот за 11 Октомври, пак го организиравме веќе традиционалниот Крали Марко болдер собир, но овајпат поради ангажираност на качувачите од Македонија, само еден ден и тоа Понеделник, а предходните два дена останавме на бабинио .. Од задната (јужната) страна има оставени клинови, и по насока околу 5 категорија UIAA се стига до еден од столбовите, а потоа со скоок од еден на друг се оди на сите каде има и клинови за правење на сидришта.Качувавме многу тешки пукнатини, со тежина и околу 7а/7б, има и потешки но нив не им дојде ред. Гого и Марио како дел од подмладокот на нашиот клуб, брзо се вклопија во техниката која ја бараше гранитот, и не само то, туку еве уште од ум не можат да го извадат. Одсекогаш сум бил на мислење дека не е се во тоа да се качи само голема оцена, црешата на шлагот е, кога покрај уживањето на техничката тежина придружени сме од гледка која ни го запира здивот, и така постојано на нови и нови локации. Мислам дека фотографиите ќе кажат на шо мислам...

 

И така двата дена кажувавме додека имавме кожа на рацете, гранитот и пукнатините се малку сурово качување, а понеделникот на болдер околу Прилеп, и и таму се направија нови линии, поготово Марио и Гого не изненадија со нивната техника, за жал на собирот бевме само ние 14 души од Битола и двајца од Прилеп, другите качувачи кој поради обврски кој од др причини не го посетија овај собир