Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Ново на Плетвар, и активен продолжен викенд
- 07.09.2009

Викенд, и повторно јас (Горан) и Вања, со мислите кон Плетвар. Но овајпат имавме и гостин. Мојот пријател од Бугарија Жак


Тој дојде на гости, и за наше огромно задоволство, пројави желба да одиме на гранитите на Плетвар. Жак, родовно ги следи сите наши Македонски сајтови поврзани со качувањето, и сакаше да го посети овај локалитет кој за 4 месеци има веќе 8 насоки.  Петокот послеручек Жак пристигна во Битола, вечерта  муабетевме со малку салата и жолта. Сабајлето рано околу 6 и пол бевме веке на Плетвар. Сакавме да качуваме нешто лесно, и се сетив дека малку по-лево од Димева (првата насока на Плетвар), имаше многу убава и лесна пукнатина. И таму и почнавме. Втората должина е  десно и се движи лево од (Гандалф) покрај работ, низ пукнатини и малку ронлив дел. Третата должина е право нагоре (десно од Гандалф) низ плочи и мало превисче, а последната е траверс на десно каде на крајот се спојува со онаа на (Прополис). Во главно насоката е лесна околу  IV но со прекрасни движења, Сите тројца имавме можност да водиме по некој дел од насоката, а кога излеговме горе, Жак без многу двоумење го предложи името Жолта Лозова, нешто кое му асоцира на Македонија J И тројцата цело време си ја пеевме песната а ха ха хахаха ооо хо хо хе хе, еве и линк од каде ни се врежа во умот http://www.youtube.com/watch?v=zNjrYXHyDJE

Првта должина

Втора должина

Трета должина

Траверсот на четвртата

Веселата дружина

Жолта лозова

Зелената линија е новата насока

 

          Во Меѓувреме еве што се случуваше на Болдерите над Прилеп, текст Гого

На првиот викенд од оваа учебна година решивме да го посетиме качувачкиот локалитет над Прилеп кој што содржи стварно голем избор на болдер насоки. Така овај пат со малку подобра организација Јас(Гого), Марио, Даниел, Ирина и Ултра со Sputnikot  на Даниел тргнавме за Прилеп. Како за загревање решивме прво да го качиме болдерот што се наога веднаш до патот за манастирот. По неколку неуспешни обиди успеав да ја качам насоката што ми фалеше едно движење за да ја искачам целосно, за Марио ова не беше проблем. Потоа веднаш до насоката на која се загревавме на Марио му се виде уште една насока што е возможна само ќе мора да се поработи некое време. Во меѓувреме останатите се загреваа на околните болдери.


Така сите загреани тргнавме кај убавитеболдери каде имавме предходно качувано, мора да се спомне пајачето со го најдовме по пат. Најголемиот пајак што го имам видено во живо, што беше стварно невозможно да се заобиколи како било кој друг пајак, бидејки ова стварно беше ГОЛЕМ пајак. Продолжувајќи нагоре со нашето клубско расположение посебно со мајтапите, паднајадоста јаки мајтапи скопјани што викаат ремет. Пристигнавме кај веќе познатото место со неколку тешки болдер проблеми од кои еден беше работ кој го качуваше Ултра.

A од другата страна имаше еден болдер проблем со лесни движења но топот беше стварно недостижен. Останува некој друг пат да се проба.

Додека размислував за животот (тие што беа знат на што мислам) видов еден болдер што стрчеше од другите, перфектна положба на рамнина која тешко се наоѓа на тоа место и секоја страна на болдерот имаше пристап. Болдерот се наоѓаше на околу 70 метри од местото каде ние качувавме, доста забележителен и интересен болдер со најмалку 4 болдер проблеми околу него. Првата насока која ја разгледавме со Марио беше доста лесна, која со лесни движења и малце храброст се качува целосно без проблеми. Но интересниот дел беше кога на Марио му дојде идеа за старт кој јас мислев е невозможен. Но Марио како Марио успеа да ме убеди со нај интересното двжење што досега било кој од нас го имаше видено а уште помалку пробано. Значи стартот првично го замисливме од малце повисоко место, но потоа Марио му го најде чарето и на тоа фатиште малце подолу од стартот. Тргнувајќи со две раце следното движење беше незамилсиво бидејќи двете нозе треба да се закачат во дупката која првично беше старт, и на еден начин висејќи на нозете со доста храброст да се фати со двете раце на дупката каде што се нозете и набрзина да се завртиш и да продолжиш нагоре. Јас мислев дека нема шанси бидејќи тоа го гледавме на филмовите на кои мислев дека само Шармите и другарчињата  го можат тоа, ама Марио го помина неколку пати без проблем. Потоа јас по неколку обиди успеав да го изведам истото со доста двоумења, ама сепак го поминав.

Ултра исто така ја качи полесната варјанта на насоката која завршва доста високо и треба да се одкачува надолу за да може безбедно да се скокни на крешпадот. Со Марио решивме насоката да се вика “Apple Juice Tuti Љufni” , бидејќи тој малце се надмина со идеите и сакаше да пие сок јаболко додека виси на нозете а заборави на каде оди гравитацијата и така си истури сок на главата.

Од другата страна на болдерот наидовме на една лесен раб на кој Ирина и Ултра качуваја. Како капаче на денешниот ден беше одлуката на Даниел да слезиме до манастирот директно надолу (покрај моите укажувања дека е претешко), ние тргнавме и така интересно си поминавме по патот. Малце поседивме под сенка во манастирот оладивме се напивме по една света вода и си тргнавме на кај Битола со верниот Sputnik Даниел.