Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Прилеп Болдеринг
- 01.09.2009

Да се порадваме на последниот ден од летниот распуст, Јас (Марио) и Гого решивме да стрчниме до Прилеп на болдери. По пола сат чекање  авто стоп не собра еден добар стрико и не однесе до центарот на Прилеп, од каде одевме пешки до карпите.

 Почнавме со еден симпатичен на поглед болдер 20-тина метри погоре од Слонот. Неможевме да го качиме излезот но сепак вредеше да се проба. Продолживме по патчето нагоре, па следно паркирање ни беше на еден голем болдер кој можевме да го качуваме само од едната страна поради природни крешпадој од крави... Следна прилика можи ке нема толку па ке го разгледаме појке. Продолживме нагоре, во една пештера поради жешкото време каде се созедовме малце и продолживме надолу. Следна дестинација ни беше пукнатина во близина на манастирот Св. Ѓорѓија, која претходниот пат успешно ја качија само Горан и Мирче. Овај пат по пола сат тегнење, пробвање успеав да ја истуркам до горе. Последно качување ни беше на еден од најдолните болдери кој исто така го качувавме претходниот пат. На истиот болдер најдовме усте 2 насоки ама бевме преуморени за да можиме да ги качиме. На крај по баги време пешачење од карпите до магистралниот пат, и по 15-тина минути чекање авто стоп се погоди добар чоек и не однесе назад во Битолата.