Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Трочоци, НОВО на Плетвар
- 02.07.2009

Многу пати сум се убедил, дека ако нешто навистина го сакаш, го добиваш, баш кога и ти треба.


Да не тупам многу, минатиот пат кога на Птвар се дружевме со Игор и Весна, тие пеземеци извадија триками, на кој им најдоа наше име трочоци. Ги гледав и ливкав. Одсекогаш сум сакал такви мали гениални направи од качвачкиот инвентар. Дури ја пиевме ракијата во кафана, Игор кажваше како со нив се обезбедил кај што е невозможно со што и да е друго, а ние си игравме со нив на тулите на ѕидот. Е сега после неколку недели јас бев во Бугаријаа, кај моите пријатели Марин и Жак. Пиевме јадевме, и пред да заминам за дома, Марин ми подари комплет големи трочоци, и големи екцентрици. Како и тубеларците за мраз и овие, тој сам ги направил во времето кога активно качувал. Но ако не ми кажеше никогаш немаше да помислам дека се самоделски.

            Се прибрав дома, и уште истиот ден ајдее да се пофалам шо имаме ново во клубот, и првиот слободен викенд со Вања заминавме да ги пробаме на плетвар. Времето си беше матно, така се матеше малку, ама и ние се матевме кај да влезиме. Знаевме дека кај и да влезиме ако заврни ке го кркаме ....  ОК како и да е, продолживме по старо од лево на десно, првата слободна линија и влеговме.Тоа беше помеѓу Цицка и Ајкула. Првиот дел беше краток и со неколку болдерчиња инаку лесен, и кога се собравме на прво сидриште Вања изјави желба да го води и второто јаже бидејки и така во подолниот дел немаше оставено речиси никаква опрема. Ова беше дефинитивно најдоброто јаже од сите до сега. Одма по самиот влез стана околу VI+ категорија, се обезбедуваше воглавно на трочоци и најмали чокови, малку психолошко качување. Потоа следеше малку лесен дел и околу 7-8 метри VII+ категорија. Некои делови Ванја ги помина како А0 А1 и ме остави да уживам како втор во вертикалната пукнатина, во која едвај се заглавуваат малите прсти, а горниот дел преминува во тежок дилфер. Следната должина беше нешто како OW иако од долу ја подценивме, кога тргнав да качувам видов дека внатре нема фатишта или ако има се обратни. Во првиот дел не можев никако да се обезбедам, а не бев воопшто стабилен. На крај успеав да ги заглавам наеднаш двата најголеми хексови, и добив добра точка. Потоа нагоре веке во дното на широката пукнатина најдов тесни пукнатини а и качувањето олесна. Оваа должина не беше тешка но малку нестабилна и шантава за осигурување. Почна ситно да врни. Направив сидриште над пукнатината и Дојде и Вања. Во мегувреме дождот стивна, се помисливме дали да слегуваме или да ја довршиме насоката. Сепак решивме нагоре. Последниот цуг беше многу интересен, супер двишежа низ пукнатина и на крај превис. Насоката околу 70% се качуваше со заглавување на рацете и нозете, како редко каде кај нас. Кога стигнавме горе почна многу силно да врни, набрзина ја крстивме ТРОЧОЦИТЕ  V, VII+ (A0) и патот под нозе за дома.

 

Вања во втората должина

Горан во третата

Трочокот подзастана и таму кај што е невозможно со било шо друго

И пак