Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Солунска Глава
- 15.06.2009

Пред две недели, поточно 05-06.06.2009  јас (Горан) и Вања, решивме тој викенд да го поминиме на Солунска. Петокот не многу рано тргнавме со Нивата кон Нежилово.

И двајцата ништо не знаевме за тој пат, единствено што имавме слушнато беше дека има пат и дека е во многу лоша состојба. По препорака како по краток го избравме патот преку с. Ропотово – с. Стровија – с. Нежилово. До селото Стровија патот е ОК. Но точно од тука следните дваесетина километри се ужас. После поројните дождови на патот има бразди длабоки околу 1,5 метри. За преминување преку нив требаше да ѕидаме потпори со каменја или потполно пополнување на браздите.

Како и да е многу тешко но некако стинавме до Нежилово а потоа и до домот Чеплес.  Таму не се задржавме, ранците на нас и тргнавме кон врвот. По пат на местото, Долна бабина дупка, наполнивме вода за вечерта и следниот ден.

Во план беше да ја видиме карпата и да качуваме нешто таму. Знаевме дека има направено абзел линија и лесно ги пронајдовме првите клинови. Тука во близина на тоа место го поставивме и шаторот каде и ја пренокивме оваа ноќ.


Утрото станавме околу 6 часот. По брзи подготовки се упативме кон Абзел линијата, и го почнавме спуштањето надолу. Во кулоарот имаше многу останат снег, така што 6-тото сидриште не можевме да го пронајдиме, за кое подоцна прочитавме дека се наоѓа во средината на кулоарот т.е. под снегот. Од тука на тој снег без абзел и без зимска опрема слегувањето беше речиси невозможно. Со нас имавме само четири алпинистички клина, и ако од нив ги правевме следните сидришта, немаше да имеме за евентуалната насока по која би качувале, скоро невероватно, карпата немаше речиси никаква можност за да направиме сидриште на чокови или френдови, и да го продолжиме слегувањето. По долго барање на сидриштето одлучивме дека ни останува да ги искачиме тие 6 должини. 5-те должини се лесен терен и качувавме со планинарските чевли, последната должина е вертикална но премногу ронлива и влажна, најдовме два стари клина, и речиси никакво др. стабилно осигуривање. Кога излеговме горе на патеката почна и да врни ситен дожд, набрзина се прибравме и тргнавме надолу...

Научивме дека абзел линијата не функционира во овај период од годината, и ако се качува, треба пристапот да се прави од долу, или да се земат доволно клинови и да се направи уште едно две сидришта од страна на снегот. Исто така во овај период карпата во камините е многу влажна и треба да се внимава, а и ронливоста е поизразена.Исто така сидриштата се правени највероватно со 50м биколор, надолу е во ред, но ако имате 50м јаже како ние во случајот и качувате нагоре, поради тоа што не можи да се истегни како при абзел, најчесто треба самите да го правите сидриштето бидејки не достигнувате до него, но можи да се качува и паралелно поголемиот дел

 

Стигнавме до домот Чеплес, таму ни беше оставена колата. Тогаш видовме дека од екстремниот Off Road претходниот ден горивото ни беше на минимум, и решивме да си бегаме преку Велес. Кога стигнавме во Богомила ни кажаа дека преку селото Извор патат е нешто подолг но многу по добар, а и дека во бакалницата во едно од селата можи да купиме бензин. Хахахахаа многу интересно, бензин во бакалница. Тргнавме од таму, си купивме бензин, и продолживме.Тоа е еден од најживописните предели кај нас, и патот е убав, земјен но се одржава, така вечерта стигнавме дома а ова беше една убава авантура.