Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Уште три нови традиционални на Плетвар - Прополис, Цицка и Ајкула
- 24.05.2009

Весела дружина составена составена од Битолчанчишта и Скопјанчишта, во Саботата направија уште три традиционални премиерни искачувања. Инспирирани од природата се искачија убави линии и закачија тешки мајтапи и глупости, а на крај убаво мезе а за некој со чашка жолта за наздравица.



Игор и Весна изјавија желба да не посетат на овај локалитет, кој за точно една недела има веке 5 нови насоки, долги околу 2-3 должини, и искачени во традиционален и чист стил. Јас искрено не сум против експанзионите клинови онаму каде што треба да ги има, но овај локалитет едноставно ги пружи можностите на чистото качување.

   Јас (Горан) и Вања во саботата околу 10 часот бевме на Плетвар. И ја почнавме третата наша насока на овај локалитет. Стартот е на неколку метри десно од Гандалф, во многу убав камин. Вања иако со малку температура сакаше и ја водеше првата должина, Одличен камин со убави стојалишта кој беа прекриени со едно како тепих, црно по боја, некој викат мов се викало ама незнам, ние мислиме дака го лепат Прилепчанчиштава, ама то треба да се доутврди. И така оваа должина беше околу IV IV+ кат. Втората должина ја имав јас. Следев лушпи низ плочата на кој и се осигурував со мали чокчиња, па траверс надесно за да го искачиме централниот дел на "левата цицка" (така си го нарековме тој масив). И оваа должина беше лесна околу IV Кога бев на второ сидриште тогаш стигнаа Игор и Весна на паркингот, па падна дерење – демек довикување. Оддолу ни личеше дека во жлебот ке можи да се осигуруваме само со клинови (кој не ги носевме) но кога Вања стигна поблиску се отвори вертикална пукнатина која беше убава за чокови, а од страните пак имаше од то црното шо го лепат овие... (кога ке го доиспитаме ке кажиме точно шо е то).

Како и да е го поминавме. Насоката испадна супер ја оценивме околу IV со некои мали детали и јас крстивме Прополис, бидејки Вања целото време се лечеше со прополис а и јас пиев за превентива хахаха.

   Слеговме до долу, се видовме со Игор и Весна, ги прашавме, и и тие ни кажаа, дена не знаат од кај се намалува јачината на сонцето, кое стварно ја претера и ни пииииип пииииип ама то е то се помиривме со ситуацијата и влеговме во нови насоки. Првата наша должина следеше една мноогу ама ептен многу убава пукнатина, која беше широка и за нашите најголеми френдови и хексови и Вања се обезбедуваше на 10-тина метри во некои хотизонтални процепи. Оваа должина иако делуваше малку страшно, се покажа дека има стојалишта и испадна околу IV+  V кат.  Втората должина се качува по ивицата на десната шилеста цицка и и таму изненадувачки имаше рељеф и мислам дека не ја надмина V-, се качивме низ превис, и на иглата, и од таму ги видовме Игор и Весна на последното нивно сидриште од нивната нова насока Ајкула за која опис и скица ке бидат подоцна напишани. Ние нашата насока решивме да ја крстиме Цицка бидејки ем е цицка ем се качува на цицката.

И така како што кажав инспириани од природата и желбата за качување, овај ден Плетвар се здоби со уште 3 нови насоки, и сега има вкупно 5. Само да напоменам дека оваа недела екипа од СКА составена од Владо Брба и Кире отворија 11 нови спортско калувачки насоки на Демир Капија, со што мислам дека оваа беше една навистина продуктивна недела за Македонското качување

од лево на десно (Мурато, Гандалф, Прополис, Цицка)
Вања во првата должина на Прополис
Горан во втората должина
Жлебот на трета должина
Вања во прва должина на цицката
Горан во втора должина
Вања на само неколку сантиметри од "пупулката"
Повеќе муабети за Ајкулата ОВДЕ