Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Уште една нова традиционална на Плетвар - Гандалф IV-; V+
- 21.05.2009

На само 20 мин возење од Битола и 15 мин. пешачење, го имаме овај локалитет. Речиси недопрен од човек досега.


    Во средата со Вања одма после работните обврски, Ладата "под нас" и во 16:45 бевме под карпите. Сега денот е долг, и има време за качување. најбрзо што можевме се спремивме, зедовме челни лампи со нас за секој случај и влеговме во нова првенствена насока. Времето беше идеално, Сонцето веке ја губеше јачината а почна да дува и убав ветер кој многу ни послужи. Овајпат јас почнав прв да водам. Доста деликатен влез, слабо обезбедување и скоро никакви фатишта и така со неколку болдер движења по отворен камин тешкото беше додека се влезе во оџакот а потоа црв техника до горе, потоа следеше една убава дилфер пукнатина по која стигнав до местото каде што го направив првото сидриште. Должината е околу 35м тежината достигна до V+ кат. со некои болдер движења.

    Втората должина беше на Вања. Прекрасна 50м. должина, неколку метри нагоре, па траверс во лево и се стигнува до пукнатина која се качува со заглавување на тупаници, а вториот горен дел најчесто дилфер качување. Одлични пукнатини кој нудеа техника на качување како на големите гранитни ѕидови, рацете убаво се заглавуваа и овај дел е околу IV ; V- kategorija

   Третата должина беше мој ред. Таа поминува низ карактеристичен оџак, но додека влегов во него, бааги се намачив. Доста болдер резични движења кој не можам да ги оценам, најмногу заради обезбедувањето, а потоа кога се заклештив во оџакот беше веке полесно но многу тесно што на неколкупати, излегував на надворешната страна зада ми помине кацигата. Оваа должина е околу 25 метри и е околу V категорија, со малку тежок и небезбеден влез

   На крај излезе и четврта должина, само 7-8 метри но преубава пукнатина и штета е таква да се заобиколи.

   Насоката ја качивме за малку повеке од два часа. Со нас имавме само чокови и френдови, така да не е оставена никаква опрема во карпата. кога стигнавме до колата веке се стемнуваше, а зад нас имавме уште едно ново искуство.

Маркираните со боја делови, можи да се видат на фотографии од поблизок план малку подолу со рамка од соодветната боја

Гандалф

Насоката гледана малку од друг агол

Горан во оџакот на прва должина

Вања низ првата пукнатина на втора должина

Вања во оџакот на трета должина (ранецот е врзан под него зада го собери)

Вања низ последната должина