Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Нова традиционална насока на Плетвар - Димитар Илиевски Мурато
- 16.05.2009

Уште една недела пред традиционалниот марш во чест на Димитар Илиевски - Мурато, јас (Горан) и Вања се договаравме да направиме некаде нова насока во чест на нашиот сограѓанин Диме, првиот Македонец на Еверест.


Можеби инспирацијата за да почнам со качување ја должам на него и таа генерација.
Дојде и викендот кога се организираше маршот, и после долго размислување како е правилно, одлучивме дека на тон ден е најдобро да одиме на Пелистер, каде секоја година се оддава почит на Мурато, каде доаѓаат планинари и качувачи од целата земја, а новата насока за следниот пат.

Кога видов на страната на Игор и Весна за истата идеа (но остварена од нивна страна), навистина пријатно се изненадив, ја качиле насоката која Игор си ја бендиса уште во зимата кога качувавме мраз таму, и ја именувале МАХЕ, во чест на хималајските експедиции и Диме. ПОВЕКЕ > http://alpinizam.org/nasi/karprad/tavanmahe.html

Дојде време и на нашето ветено, решивме да се пробаме на карпите над Плетвар. Овај локалитет единствено само со својата висина одстапува на Остра карпа, инаку нуди перфектни услови на традиционално како и спортско качување. Карпата е долга околу 80 метри а широка мошеби 500 метри. има секакви форми, од плочи пукнатини, превиси тавани, буквално што сакаш. Оддалеченоста од кола е околу 15 минути, и со Вања решивме да одиме со ред, т.е. првата линија која ке не бендиса да влезиме. И така почнавме во најлевиот дел на карпата, овде карпата некаде е полегната но нашата линиа следи доста експонирани делови, и на неколку места убави пукнатини и превиси. Насоката ја качивме во три должини и тоа 15м/50м/20м тежината е од IV до VI+ категорија и е помината само со чокови и френдови (што би рекол Игор чисто),не толку за етика, но едноставно тоа го дозволуваше карпата. Како кретени и двајцата заборавивме Вода. Јас уште на сам старт дехидрирав и не се осекав убаво и Вања ја почна првата и најтешка должина VI+.

Вања пред најтешкиот детал (превисите) во првата должина

Потоа кога мене ми дојде ред да водам, некако во текот на качувањето се наместиа ``коцките`` во мене и бев доста подобар. Втората должина е 50 метри но доста по лесна - околу IV категорија.

Горан во втората должина (превиси но лесни за преминување)

На Вања овај пат му се годеа кратки ама лути должини, така да и третата должина ја достигна VI категорија.

Вања во третата должина (иако личи лесно на излезите нема никакви фатишта)

Кога стигнавме на Врвот бевме тотално дехидрирани. Се мислевме за уште една насока, но на то сонце без капка вода беше лудост.

Двајцата на врвот

еве и како изгледа од страна таа форма

скица на насоката од две гледни точки (но не можеше да се направи фотографија каде убаво ке се гледа целата)

И така се прибравме во Прилеп, во кафана на салата со ракија, а и стигнавме дома навреме за ручек. Насоката го доби името: Димитар Илиевски - Мурато, во чест на 20 години од искачувањето на Еверест.