Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Тапанот - Остра карпа
- 30.04.2009

Во период од три викенди, три пати е посетена Остра карпа од членови на Вертикал од Битола  и Екстрем од Скопје.
После првата наша посета јас (Горан) и Вања, буквално не издржавме до наредниот викенд зада качуваме по "Тапанот"

Во позадина Стогот и Остра карпа
Тапанот е насока која наликува на парче од оние насоки во Јосемити. Денес бевме посетени од Ице (Христо), еден од постарата генегација качувачи од Прилеп, Кој има и свои првенствени насоки на Остра карпа и Стогот. Ице дознал за нашата повторна намера да качуваме на Остра, и како што тој кажа, дојде да види кој толку често почнал да го посетува овај локалитет. Бевме почестени со неговото присуство и целото време додека качувавме Ице не фотографираше и раскажуваше што и како било во годините кога Остра карпа била посетувана од Македонските качувачи. Остра Карпа, за нас можеби е еден од најубавите локалитети кај нас.
Малку е по сурово и по различно од насоките на демир капија и матка, но кога ке се привикнеш на гранитот станува супер. Самиот влез во Тапанот е многу интересен. 15-тина мерти десно од пукнатината по која покасно се качува, се започнува интересен траверс, во кој клучното место е да се исправиш на полицата која те носи го пукнатината.
Горан на Траверсот
Овде нема речиси никакво обезбедување и треба многу да се внимава. Од тука следи качување по пукнатината па потоа премин низ една заглавена гранитна плоча во пукнатината, и вероватно поради таа плоча првите качувачи биле инспирирани да ја крстат тапанот, кога одиш по неа тропа како тапан, но сепак за тоа дали е така ке кажат првите качувачи.
Првата должина
По лушпата (Тапанот)
Вања ужива во качувањето
Под тапанот
Колку што Ице имаше информација можно е нашето да е трето повторување на оваа насока, но тоа е најмалку битно, важно е што, ова е можеби најубавата насока кај нас. Втората должина ја водеше Вања, и тоа во многу чист стил, а при крај заврна и малку дожд. Во неа не најдовме ниту еден клин, а покасно во разговор со Моте од Прилеп, можно е да сме направиле и варијанта на насоката, како и да е и втората должина е прекрасна.
Втората должина

Целата е пречење на десно со доста деликатни движења за слободно преминување. Најголемиот проблем во овај дел е мовта на која треба да се внимава но се привикнува и на тоа. Од тука до врвот е по лесна, речиси и без обезбедување.
Шаторот го поставивме одма под иглата во горниот дел на рарпата, на една полица, непосредно до спомен плочата на Славчо, алпинист од Прилеп.
Заедно со Ице тука поставивме и кутија со тетратка за запишување кој што качил, и како си поминал таму, иста како оние на Матка.
Ице и Горан ја поставуваат кутијата
Ја искачивме и Иглата, направивме сидриште и се спуштивме долу. Качувањето по тапанот не одзеде доста време, но се надеваме следното идење ке ја качиме во подобар стил. Наредниот ден ја качивме Мајсторот, времето не беше добро и во секој момент можеше да почни да врни. се спакувавме и полека си тргнавме кон дома.
Мајсторот прва должина