Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Oстра карпа, Стење 7а+?, ...
- 17.04.2009

Исполнет викенд, качување од секој стил, Го посетивме можеби најубавиот локалитет кај нас, кој зажал не е воопшто посетуван, а ја качивме и новата насока на Стење! >>


Саботата рано утрото, Јас(Горан) и Вања со "нивушката" стигнавме во селото Прилепец и од таму кон Остра карпа. До сеа многу пати се ``каневме`` да го посетиме овај локалитет но поради лошиот пат, до селото еве сега му дојде редот. Бевме воодушевени од тоа околу нас. Мене ми беше втор пат а на Вања прв на ова место. Остра карпа моќно се издига како Конус, има Малку направени насоки а можност за уште многу нови. Но и тие што се се Одлични, Качување по гранит со одлични форми.

Острата карпа

Знаевме дека насоките се од десната страна на карпата, движејки се нагоре неможи да не се забележи вертикалната пукнатина, за која покасно разбравме дека името на насоката е Тапанот. Сакавме одма да влезиме во неа, но ајде прво да се привикниме на локалитетот на нешто полесно. и почнавме да калуваме т.е. Вања почна да го води првото јаже иако уште не дооздравен. Подоцна и за таа насока дознавме од Моте од Прилеп дека името и е ``Каминска``, а за оцена не знаевме но подоцна во сајтот на Игор и Весна видовме дека ја качувале истата насока но мислеле дека таа е Тапанот. Без разлика за името, тое е чисто за ориантација, но насоката е феноменална. Последниот дел како што покасно ни објасни Моте сме го искомбинирале со цуг од насоката ``Мајсторот`` но како и да е одлична комбинација :)

Вања го води првото јаже

Горан на излез од првото јаже

Горан го води  последното јаже

 

Вања при крај на последното јаже

Крајот на насоката е на Врвот на иглата. Се осекавме како на Алпите, прекрасен поглед, никако не ни се слегуваше од горе. Следниот пат да си земиме малку румче и кафенце, а мози и некој инструмент хахааха. Останавме доста време на врвот. Прв пат Вања да ужива дека е на врвот исто како и дури качува хаха. Слеговме од иглата со стружење низ оџакот а потоа абзел од еден гранитен блок.

Вања среќен на врвот

Стогот, речиси недопрен од качувачите

На врвот на иглата

Во неделата планирано беше да качуваме на Тапанот и др насоки, но Вања за жал не беше во можност и Јас и Марио заминавме за Стење, каде ги качивме сите насоки, а Марио ја помина без пад новата Спортска насока Децрај 7а+, за оцената треба да се дефинира поточно, но сепак браво за Марио, и младината на Верикал.

Марио среќен по насоката :)

Аце истиот викенд беше на Матка, качуваше со Дарио, и и тој имал прекрасен викенд