Помина и овај викенд, и овај рок трип на Маткино трло. Многу качување, забава, качување и качување
Овај локалитет, е одличен за спортско
качување, има доста насоки со убави должини и константни тежини,
качување на отворени фатишта кој иако не многу тешки ги ``пумпаат``
мускулите како ретко кој други кај нас. Ние од Битола повторно со две
коли пристигнавме од саботата, некој само за забава а некој покрај
забавата и со натпреварувачки амбиции, но најавениот натпревар не
бидна, т.е. фалеше натпреварувачки дух кај некои членови, и на крај
немаше проглчасување. Без разлика на се, нашите асови и во машка и во
женска конкуренција беа на врвот, Елена качи голем број на насоки, а
Мирче во негов стил но овајпат со патики на нозе, ги качи сите тешки
насоки, вклучувајки ја варијантата Ла кумбре директ и don`t wary be
happy, на која е вториот нашинец кој ја поминал оваа насока, првиот е
Пуци а причината за ретката посетеност вероватно била растојанието на
последните клинови пред сидриштето каде и станува најтешка. Од саботата
оваа насока се здоби со два нови клина и сега е достапна за нормално
качување. Ова беше уште еден одлично поминат викенд а најважно е што
желбата за качување се зголеми кај сите нас, и едвај го чекаме следниот
пат негде на карпа.

Поглед кон локалитетот
Некои качуваат некои се одмараат
Елена пред крај
Среќна на сидриште
Мирче
Суровината на don`t wary be happy
MариЈо