Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Козјак
- 15.03.2009

Зимава имавме малку слободно време, а многу активности, и замалку ке останевме без оваа карпа зимава, така да викендов решивме да го искористиме малку постуденото време и да качуваме на Козјак со зимска опрема.


Рано сабајле тргнавме од Битола Горан, Марјан, Вања, Попацот и Аце. До кај со беше возможно стигнавме со кола и после се товаривме и тргнавме кон карпите. Се поделивме во две наврски, Горан, Вања и Аце една и Марјан и Попацот друга. Јас (Горан), и Вања цело време качувавме со дерези, и знаејки ја оваа карпа од минатата година бевме спремни на убави моменти. Доста голем дел од карпата се движевме соло, се додека Вања не се реши да влези во нешто навистина тешко. Вертикален камин со мазни плочи каде што дерезите се најнепосавуваниот алат за качување. Овај дел и со патики представува сериозна тежина а за со дерези е друга димензија. Како и да е Успешно го поминавме и овај дел, и од тука во наврска ги одбиравме најтешките парчиња што ни излегуваа пред нас и така поминавме доста сериозни тежини а и долго качување. Карпата е многу ронлива и треба многу да се внимава, бидејки и обезбедувањето не е најдобро. Козјак е одлична планина, и нуди перфектни услови за тренинг, а ова беше утре еден прекрасен викенд за Вертикалци посебно за Попацот кој од скоро, со огромно темпо се впушта во качувањето. Еве и некој фотографии кој барем малку ке представат некој моменти од викендот

 

Од тука нагоре само пешки

Почнуваме со качување

 

првиот гребен без обезбедување

Овде Вања ја замати работата

 

 

тешко е со дерези на овај терен

Марјан и Попацот на еден од рабовите

Плочест терен и обратни фатишта, дерезите се непосакувани