Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Демир Капија 8a+, многу кеф и нови традиционални насоки
- 10.03.2009


Иако сите временски прогнози не најавуваа сјаен викенд, тоа што не дочека во Демир капија, не беше ни блиску до предвидувањата. Не заврна ни капка од најавуваните дождови.



Тргнавме сабајлечки и стигнавме околу 9. Ја поделивме опремата, Горан и Вања тргнаа кон нови традиционални насоки, а останатите фативме спортски. Тргнавме да се загрееме на Рак и Кифла и попатно се „разладивме“ во ладната надојдена река што малце ме изненади (последниот пат кога бев, немаше толку многу вода а имаше и мостови, сега ништо од нив).

Супер старт на денот, имаше некои кои првпат беа Демир Капија и полека испробаа дел од насоките, а имаше и такви кои одма влегоа на некои од потешките. Мирче како и што рече така и направи, почна да работи на својот проект, на една од најтешките насоки кај нас, Забушант, 8а+. На прв обид ги помина првите две третини од насоката, а потоа со ужте три пада стигна и до сидриште. Ова е огромен успех на Мирче, и заедно се надеваме дека оваа сезона ке имаме 30 метри 8а+ , качена без пад. И да напоменам, во тек на водењето за разлика од она што го гледаме на филмовите, Мирче сам поставуваше комплети, што е и додатно оптоварување на вакви тежини. Елена се проба и таа на Забушант и стигна до половина, ајде ке вежба малку блокови и ке ја качи некој ден и таа. Елена ги искачи Прусик 2 и госпожа Мицковска а до пола ги качи Забушант и Жаба. Јас (Даниел) ја почнав госпоѓа Мицковска, но иако се осеќав спремен да ја качам, успеав да стигнам до пола и се откажав, од болка, кога видов како ги „изрендав“ прстите кои ме печеа на секој понатамошен обид.

Во пукнатините од карпите најдовме и нова досега неоткриена врста на бел лилјак, кој иако малце чудно за лилјаци, користеше прилика да си ги згрее коските на убавото сонце.

 

 

Новата, традиционална насока од Горан и Вања, го носи името “Обеликс” L2, VI. Насоката почнува по логинча линија на само 5 метри, одкако ке се слезат скаличките од мостот во насока  кон спортските насоки, и преминува мали превиси, кој воопшто не нудеа можност за стабилно осигурување, но Вања одлично се снајде и ја помина оваа должина. Втората должина е малку, по тешка но имаше одлични места за обезбедување, а во стилот на качување многу не потсети на насоката Иван Вазов на локалитетот Враца во Бугарија. Целата насока и премината во чист стил, и не оставивме никаква опрема.

Горан и Вања и и другиот ден, беа загреани за уште една нова насока, и тргнаа 10 метри по долу од минатиот ден, по добро експониран и многу ронлив терен. Времето беше многу ладно и доваше силен ветер. И оваде на Вања му се падна најгадниот дел. Многу психолошко качување посебно во овај дел од годината кога се се рони. Во горниот дел станува малку по компактна но, затоа оценката е некаде до VI+ категорија, а на места можи и потешки детали. Се изненадивме од тоа што во текот на оваа насока најдовме 3 стари клина, што значи станува збор за повторување или варијанта на стара насока, и многу би не интересирало кој ја правел и како и е името на оваа насока. И ако е правена без чокови и френдови секоја чест за првите качувачи. Оваа страна од клисурата нуди доста по експонирано качување во споредба со традиционалните насоки од страната на Вардар, но затоа пак е по-кратка.
Ете вака накратко помина и овај викенд.

 

Обеликс L1

 

Обеликс L2

 

 

Од горе од сидриштето убаво се гледаше спротивната карпа, која од долу не можи да се фотографира, а минатата сезона таму направивме две традиционални насоки, па еве сега му дојде ред да се исцртаат

Тим билдинг V

Лева V