Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Прв натпревар
- 06.03.2009

Заврши и првиот “екпериментален” натпревар. Имено во Неделата на 01 Март 2009, во салата на машински во Скопје, организаторот се портуди да направи нешто ново кај нас.


Имаше 11 стази со најразлична тежина. Идеата беше добра и како што коментираат нашите натпреварувачи, имало качување како никогаш до сега, но се направија и пропусти во начинот на оценување и контролирање од страна на судиите. Ова е одлична идеа за новитет во натпреварете, како што би качувале до исцрпувачки граници, но вероватно се докажа дека вакви натпревари со себе повлекуваат и огромна одговорност од страна на судиите, кој за жал кај нас сеуште волонтираат, а во спротивно се јавува незадоволство кај натпреварувачите. Како и да е Вертикал беше на врвот, првото место во конкуренција сениори го зеде Мирче Трајчевски, а за женските ќе соопштиме подоцна бидејки во тек се разгледувањата од приговорите, во меѓувреме чекаме и фотографии :)