Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Патишка Река
- 28.02.2009

После неколку години гледање фотографии и читање патешествија од наши колеги за Патишка река, дојде денот кога и ние ќе го посетиме тој локалитет. Имајки представа за локалитетот и должината на водопадите одевме со цел да качуваме нагоре со водење, а не на пот роуп како кога одиме на Маврово, каде најчесто нема ни услови за да се качува нагоре. Набрзина го договоривме тргнувањето со Игор (alpinizam.org), кој исто така без предходно да разговараме околу тоа беше за варијантата да качуваме со водење.


 Рано утрото се сретнавме во Скопје тројцата: Горан, Вања и Игор. Кога стигнавме во селото, се гледаа водопадите, бевме среќни и тргнавме кон таму. По пат имаше многу снег, на некои места пропагавме до половина, но полека се доближивме до мразот. Гомемиот водопад не воодушеви, беше моќен во споредба со останатите, и без да се мислиме тргнавме кон него.


Вања изјави желба да го води првото јаже, со два клина ја искачи првата каскада и низ снегот стигна до првото сидрипте во основата на големиот стуб кој личеше како некој од насловните страни на Rock & Ice но не во толкави размери. Иако не толку голем, сигурно има околу 15 метри вертикала и малку повеке од тоа. Првата половина од стубот, се уште не е најдобро оформена, личи како пердиња  од мраз прилепени одно до друго, и качувањето по нив беше скоро невозможно. После оптеретувањето на бајката го расцепуваше мразот вертикално надолу.


Барајки можна линија за качување на стубот увидовме дека здрав мраз има само по задната страна. Сите сакавме да го пробаме тоа, а во исто време бевме многу поспани, јас и Вања вероватно од патувањето а Игор минатата вечер играл фудбал до касно вечерта со пријателите, и беше поспан, па едвај со нашето непрекинато ``тресење глупости`` успеавме малку да го разсониме. Игор почна да качува, качи половина, па јас продолжив до крај каде мразот се спои со карпата. Вања као и секогас ненаситен ме провоцираше да најдеме чаре да излезиме од надворешната страна на стубот и да продолжиме. Одпрво изгледаше невозможно за нас, но откако малку ги подискршив малите висулки кој ни пречеа за преминување од надвор, се виде логична можност за преминување. Овај дел го оставив на Вања како главен виновник, и успешно се префрли од другата страна и успеа да заврти клин и да се обезбеди, доста се измори но го направи пресудното, сега веке знаев дека можиме да го качиме водопадот. Повторно продолжив јас,нагоре стануваше и превисно, но полека полека го поминав тој дел. Во моментот кога очекував да излезам на понормален терен и малку да се опуштам, заприметив дека мразот нагоре е многу мек, а по него течеше вода. Клиновите влегуваа како во ``тиква`` и тоа малку ме вознемируваше, нагоре мразот стануваше се понестабилен, при удирање со сечилото се откорнуваа мразови колку гума од кола и пагаа врз мене. Имав само уште еден клин а до дрвото (единственото место каде што можев да направам сидриште), имаше околу 20 метри. Малку погоре го поставив и тој клин, од долу ме информираа дека имам уште 5 метри јаже, а до дрвото имав околу 15 метри, но некако се надевав дека грешат, и дека ке стигни јажето, внимателно качував по не тежок но многу нестабилен мраз и кога дојдов над дрвото, ми дојде душа, седнав врз него, и направив сидриште. Ова беше уште едно добро искуство во нашето качување.