Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
НАШИОТ МРАЗ Tybi-Ice
- 21.02.2009

Историјата на нашиот клуб е некако тесно прврзана со оваа локација. Палиснопје е местото, каде што ја направивме, првата насока Туби на 27 Мај 2004г. Насоката каде што се учевме да водиме и буквално се поврзано со качувањето. И еве после 5 години, барајки локација каде што би можеле да замрзниме вештачки направен водопад, повторно е истата насока.



Накрај големиите маки со спроведувањето на водниот систем се исплатија. на карпата имаме мраз, со должина околи 15 метри. Горди сме што барем колку што јас знам ова е прв воопшто а и успешен обид во нашата држава за создавање на вештачки услови за качување по мраз.          О Г Р О М Н А  благодарност до Гелчо без него ништо од ова немаше да има. Вчера на 22.02.2009 беше најавен Dry tooling/Ice climbing хепенинг, Но ете поради одредени причини таму бевме само ние од нашиот клуб. Иако децата со огромна желба ги очекуваа качвачите од другите градови, и на почеток малку се разочараа, но на крајот на денот беа полни со елан и возбуда од првото качување на мраз на Пелистер, а за некои и воопшто првото во животот. Уште една се убедив дека имаме потенциал за овај спорт, иако за повекето беше првото сретнување со алатките за мраз, елегантно и смело се префрлуваа по висулките од мраз, кој ни најмалку не беа лесни. Еве и малку фотографии за да видат што пропуштија оние кој не беа со нас.