Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Трескавец - Античка стрела, Оџакот
- 16.02.2009

Не случајно, толку често пишував и продолжувам да пишувам, инспириран од гранитните форми во околината на Прилеп. Минатиот пат качувавме болдери на марковите кули а сега конечно долго договараната средба со Игор и Весна од алпинизам.орг, се случи.


Имено и покрај лошите временски прогнози кој минатата недела не натераа да се откажиме овај пат не успеаа. Неделата рано сабајле, на автобуската во Прилеп се сретнавме Горан, Вања, Игор, и Весна. Веднаш се упативме кон патот кој води до нивите под карпите околу Трескавец. За Трескавец пишував и некој предходен пост кога го качивме врвот со зимска опрема. Како и секој Манастир и Трескавец е сместен на место каде природата направила чуда, чуда од гранитни форми, кај и да се свртиш гранит а насреде на висорамнината сместен манастирот. Беше убав ден, но со многу студен северен ветер. Петмината, вклучувајки го и кучето МАЛИ (кој го лажат дека е мал :) по неодредена патека се упативме нагоре кон карпите. Бавно ама сигурно стигнавме до Манастирот. Без да губиме време дирекно се обидов да го презентирам она што го видов минатиот пат таму и ми остана во главата. Игор ни 5 секунди не остана рамнодушен на гледката и по најбрза постапка селектира комплет френдови и чокови и почна да лази нив оџакот. Внатре беше доста студено,местата за обезбедување беа малку а некој од нив и само психолошки, Одлично напредуваше иако не си ја оствари првичната желба да го искачи вертикално нагоре каде што ќе требаше да солира сосема непознат терен. Јас лично очекував да има слабо обезбедување но се надевав на полесен терен, а во него излегоа движења од 5 категорија и неколку ``матни`` препрлувања од едната на другата страна. Како втори се качивме јас и Вања, и на некои места ич не ни беше сеедно да имаме пад, кој што значеше платно од 10м со акање во ѕидовите. Се помина суппер и насоката си го доби името кривиот оџак со оцена 5 помината во чист стил.

Дојде и мојот ред, уште на самото пристигање видов една лушпа прилепена на една плоча, и ми влезе во главата. Иако после расмислував за една друга линија Игор ме потсети и решив да одам со ред, т.е. тоа што прво си го видов си е мое. Лично јас сакам се, ама баш се од качувањето, уживам кога се цедам до крај обезбедувајки се на лепените/експанзионите клинови, и уште повеке уживам кога се тоа што сум научил таму го применувам во традиционалниот стил и ја калкулирам мојата издржливост. Така да го продолживме ``англискиот`` традиционален стил, на некој места каде што имаше услови, поставував и по неколку чок/френд-ови и стегај заби до наредното место каде што ке се обезбедиш. Првото пречење на лево по плочата беше доста гадно и како шлаг од горе на плочата имаше мов. Едвај се решив да го поминам тој дел. Лево видов интересна дилфер пукнатина која ми побара интересно движење додека застанав во правилната положба.
Почна интересното, дрангулиите гој ги поставувам за обезбедување во пукнатината не ми даваја некоја надеж за сигурност, а плочата каде што ми триеа патиките, беше покриена со мов. Негде на 2/3 од пукнатината поставив еден хексагоналец,се намачив додека испеав да го заглавам да стои, и тоа во положба обратна од нормално пропишаната т.е. со шуплините лежеше на отворите од карпата. Ми делуваше доста нестабилно бидејки во набив во мов за да не пага од сопствената тежина, а до него поставив еден френд кој пак воопшто не ми влеа надеж. И така го продолжив дилферот, и нешто погоре во моментот кога се исправив да ѕирнам внатре во пукнатината за следна точка за обезбедување, десната нога ми лизна на мовта и јас полетав надолу. Сеуште немозам да повервам како хексагоналецот го издржа мојот пад, и то не еднаш а три пати. Нешто од внатре не ми даваше така лесно да се одкажам  од насоката, и после третиот пад на истото место кое беше единственото возможно за да ја поставам ногата, решив да се префрлам со наредната пукнатина од каде и ја довршив должината. Вториот дел до врвот на карпата го водеше Вања, одлично се снајде низ плочите без рељеф и излезе на врвот. Како втор при крајот на јажето под еден превис се исплати целата упорност. Во пукнатина под превисот најдов глава од
античка стрела, Да античка стрела која неколку илјади години стоела закачена во таа пукнатина. Бев пресрекен и без мн размислување насоката доби име Античка Стрела со тежина од 6 категорија.

За стрелата го информирав нашиот археолог Паско Кузман и очекувам да дознаеме точно од кој период датира оваа стрела.
На крај огромна благодарност до Игор и Весна, за дружењето во одличната авантура, и што почесто и што повеке да се гледаме на овај локалитет.