Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Уште еден активен и корисен викенд
- 09.02.2009

Викендов помина доста активно. Качувавме болдери на Маркови кули, и пронајдовме нови линии, интересни пукнатини и други форми.


Мирче искачи тежок болдер, висок над 7 метри, така да и кај нас полека се почнува со оваа дисциплина и полека работите што ги гледаме на youtube стануваат реалност и кај нас.
За жал фотографиите од тој ден се од мобилен телефон и се со лош квалитет но сепак можи да се долови моментот.

Следниот ден качувавме на Стење и воедно направивме сефте за оваа година.
Направивме и нова насока десно од насоката ``кавалот`` и носи име ``пентерка`` а оценката не е дефинирана, а можеби е околу 6с. И покрај лошата прогноза и за двата дена , времето сепак издржа и имавме супер викенд.


Другите наши членови си направија турно ски тура низ пелистер но од тоа нема фотографии