Категоризација
Искачувања и експедиции
Линкови
Контакт
Елена Костовска


Од Горан

Имам бескрајна тага, што морам да пишувам во минато време. Се уште не верувам.  Елена, големата, се уште мислам дека е со нас. Уште како мало, кога за прв пат дојде во клубот, од неа зрачеше ведрост, насмевка и енергија.  Дојде еднаш и стана најредовниот член.  Многу е лесно да опишиш ваква личност, но тешко е да сватам како е возможно, во секакви околности да ги задржува само тие карактеристики. За неа имам многу примери, на кој само можам,  да се гордеам дека сум познавал таква личност. Елена не знаеше да биди тажна, барем јас не ја познавам таква, Елена на првите натпревари одеше со обични патики, потоа доби стари патики поголеми за неколку броја, и никогаш не слушнав да речи ЕХХ ДА ИМАВ ТОЧНИ И НОВИ ПАТИКИ КЕ ЈА КАЧЕВ ДО ГОРЕ, (како што сите правиме), Елена и во најсуровите услови на тренинг идеше пешки, беше најредовна, а живееше на другата страна на градот. Не знаеше за љубомора, не знаеше за завист, едноставно можам да кажам, ако можи тоа да е мала утеха, Ние не заслужувавме да бидиме со неа...



Дојде и тој миг, незнам што се случи, Елена не ме дочека, иако така се договоривме. Се што можеше застана наопаку, иако се знаеше, иако се применуваше, во тој миг како се да заборави, како нешто да ја зеде од нас... Јас бев при крај на насоката ``4 клина``, падот само го слушнав, и нешто како да ме пресече во мене... Знаев дека се случи, се јавив по телефонот и ми се потврди тоа... Се одврзав од јажето го фиксирав Вања на сидриште и незнам како јас стигнав до таму, вероватно брзината, инерцијата не дозволи да паднам. Стигнав до неа, и кога ја зедов в раце, се ми стана јасно... Два часа ја молев да биди силна... Знам дека ме слушаше, ме слушаше се како и дотогаш, иако беше во безсознание... Викав Елена диши, Елена те молам, биди силна диши, и почнуваше ... Уште ја осекам миризбата на крв... Уште ја осекам нејзината енергија, и знам дека и понатаму е со нас, го осекам пулсот и не можам да застанам...

Од Даниел

Иако повозрасен од неа, кога првпат дојдов во клубот ме воодушеви со нејзината елеганција во качувањето и храброста која ја имаше иако толку млада. Тогаш како нов член, многу учев од неа следејќи ги нејзините движења, а понекогаш знаеше и да ми дофрли и да ме поправи кога јас бев горе. Секогаш беше радосна и весела кога одевме на тренинг на насоки во природа, исто како и мене. Се сеќавам на мојот прв пат на природна, во Демир Капија, кога тргнувавме, Елена ми рече „Си ја зеде кацигата?“. Ме сепна, јас бев толку возбуден, што заборавив да ја земам кацигата, појасот и патиките. Ми рече „Кај одиш, на качување или на прошетка?“. Кога стигнавме таму, ми ги кажуваше насоките, ми кажуваше која можам да ја испробам, а за која ќе ми треба повеќе тренинг. Таа тогаш ја водеше Мицковска. Јас сеуште не сум успеал да ја качам.

На тренинг секогаш идеше пешки или со точак кога дозволуваше времето. Само во зима доаѓаше со мене, со кола, затоа што бевме комшии и јас отсекогаш одам со кола. Секогаш наоѓавме теми на разговор, беше муабетчивка, иако јас не сум многу зборлив, таа секогаш успеваше да ми извади некој збор. Обично со нас идеше и Дарко, и заедно го провоциравме, да ни каже нешто  од неговиот детски живот, а потоа заедно се смеевме. Имаше многу прашања за животот, нејзини замисли и желби, повеќето поврзани со планината и спортот. Затоа и сакаше да студира на ДИВ во Романија, за да продолжи активен живот, каков што имаше и до сега.

На планина, на последниот марш во чест на Муратот и се пожалив дека едвај го држам нивното темпо. Имав кондиција, и претходно пешачев по планини, но не сум бил со нив (Вертикалци). Ми рече „Супер си, ама ние ќе те дотераме уште малце“. Ех, да имаше уште млади како неа кои можеа да ми го кажат тоа.



Од Елена Свенчева (другарка)

Колку и да кажам, колку и да напишам, никогаш нема да ги пронајдам вистинските зборови да ја опишам, тие се толку малку, а насмевката на Еленчето ( како што јас ја викав) кажуваше толку многу. Секогаш насмеана секогаш расположена, спремна за дружење, спремна за шетање, спремна за се што беше позитивно. Сегде одевме пешки, од едниот до другиот крај на градот и се смеевме кога некој ќе ни речеше КАКО НЕ ВИ Е МАКА а тоа нас ни беше секојдневие. Ако некогаш и беше тешко ќе речеше АЈ КЕ ПОМИНИ и секогаш се тешевме дека после дождот има сонце. И секогаш се смеевме и ми велеше МОРА ДА СЕ ИЗНАСМЕЈМЕ СЕКОЈ ДЕН ЗА НЕШТО и пак ке се смеевме. Некогаш се смеевме за глупост и до солзи. Секогаш гледаше позитивно на се. Голема беше среќата човек да ја запознае, да дели моменти со неа. Привилегија да ја гледа, а чест да ја сака. Засекогаш ке остани во моето срце и оптимизмот на ЕЛЕНЧЕТО секогаш ќе ми биде најсветлата точка која ке ме води низ животот  Елена го сакаше животот и затоа секогаш ке живее во нас.

Од Ивана Талевска

Девојчето со бистри очи и најслатка насмевка – тоа беше Елена. Елена беше девојка кој секој би сакал да ја запознае и да помини одреден период во нејзино друштво. Секогаш насмеаната, среќна, весела, позитивна и убава личност како Елена е реткост на овој свет. Една од посебните личности кои никогаш не би ја забравила, ни како лик ни како спомен. Таа беше она нешто со кое можеше секој нејзин близок пријател, роднина да се гордее и да блеска во нејзина сенка.

Немав многу време да станам близок пријател со неа, но и она време што го имав поминато, премногу ми значеше и ми остана во незаборавен спомен на кој ќе се секавам цел мој живот.

Она што беше за неа живот, за нас е СРЕЌА да бидиме во нејзиниот живот како блиски пријатели кои ќе ја паметат секогаш.Имам премногу зборови за неа, кои никогаш неможам да ги докажам, затоа се оставам само во мое сеќавање и ПОЧИВАЈ ВО МИР, мила наша Елена, никогаш нема да те заборавам.


За секој кој сака да напише нешто кратко за Елена, по што ќе ја памети, интересни случки, нека испрати мејл на contact [ at ] verticalbitola.com , или нека ги контактира Кузето или Даниел за повеќе информации.